Дони ван де Бек е првото засилување за Јунајтед сезонава

Холандскиот фудбалер Дони ван де Бек е првото засилување за англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Ван де Бек на „Олд Трафорд“ ќе стигне за сума од 45 милиони евра, сума во која се пресметани и бонусите.

Холанѓанецот со „црвените-ѓаволи“ ќе потпише договор на пет години, а ќе треба да ја засили средината во која во јануари стигна Бруно Фернандеш кој веднаш прерасна во лидер на тимот.

 

Се вчитува...