Дориев со два гола ја реши Победа во Прилеп, триумф на Тиквеш, Шкупи и Силекс без голови (ВИДЕО)

Шкендија се проби на втората позиција, заедно со Силекс, на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако славеше со 1-3 на гостувањето против Победа во Прилеп во 9. коло од шампионатот. Тетовци до победата дојдоа по пресврт со два гола на Дориев и еден на Шаља, откако домашните први поведоа. Шкупи и Силекс ремизираа без голови на Чаир, а Тиквеш со 2-0 славеше против Скопје во Кавадарци.

Победа најпрво успеа уште во раната фаза од натпреварот да ја шокира фаворизираната Шкендија, поведувајќи со 1-0. По корнерот од десната страна во 12. минута, Ѓурковиќ одлично реагираше со глава постигнувајќи ефектен гол за предност на домашните.

Меѓутоа тетовци успеаја пред полувремето да дојдат до израмнување. Одлична асистенција на Хасани, а Љупче Дориев мајсторски се снајде во домашниот шеснаесетник со лод-удар носејќи израмнување.

Во второто полувреме, убава акција почната од Стојановски, преку Дориев кој асистираше до Шаља на кого не му беше тешко од непосредна близина да погоди во 53. минута за водство од 1-2.

Конечните 1-3 ги постави Љупче Дориев со својот втор гол на мечот во втората минута од судиското продолжение, по убава соло акција покрај домашната одбрана…


Во Кавадарци, Тиквеш дојде до победа од 2-0 над Скопје. Кавадарчани поведоа со голот на Ристе Темелков уште во 25. минута, а конечните 2-0 ги постави Мишов во 81. минута од средбата.

ПМФЛ – 9. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС 0-0
Прилеп: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА 1-3
Ѓурковиќ 12′ – Дориев 45′,90’+2, Шаља 53′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 2-0
Темелков 25′, Мишов 81′
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1
Алексовски 85′ – Шабани 62′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-3
Ѓокиќ 63′ – Велкоски 25′(п), 89′, Рушевиќ 76′

Се вчитува...