Дориев: Целта на Шкендија е шампионската титула, среќен сум што во Кратово помогнав на тој пат

Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Љупче Дориев не го крие задоволството од победата против Силекс од 1-2 во Кратово на стартот од вториот дел од првенството.

„Многу сум среќен што мојот гол му помогна на тимот да стигне до победа. Успешно ја поминавме оваа прва пречка што ќе ни помогне многу за продолжението на шампионатот“ – вели Дориев за официјалната интернет-страница на клубот, притоа дополнувајќи:

„Целта на Шкендија е шампионската титула. Знаевме дека Силекс е тежок противник на домашен терен, и знаевме дека нема да биде лесно да се победи. И покрај негативата, во ниту еден момент не помисливме на неуспех. Знаевме дека имаме потенцијал да дојдеме до три бода и успеавме во тоа. Победата со Силекс е архивирана, вниманието сега се насочува кон Вардар и желбата за нова победа на следниот натпревар“.

Се вчитува...