„Доста! Не можам да зборувам за кошарка кога умираат деца“

Во основно училиште во Тексас убиени се најмалку 19 деца и наставнички персонал, а во текот на денот по повод лошиот настан се огласија многу познати спортисти од Соединетите Американски Држави.

Најпотресно беше обраќањето на тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер кој беше во солзи пред мечот на неговиот тим против Далас Маверикс.

„Не сакам да зборувам за кошарка, бидејќи тоа не ме интересира. Откако го завршивме тренингот 14 деца и нивните наставници се убиени 500 километри од тука. Во последните десет дена имавме возрасна афроамериканка во супермаркет во Бафало. Имавме луѓе во азиска црква убиени во Калифорнија, а сега имаме убиено деца во училиште. Кога ќе направиме нешто? Доста ми е од тоа да седам тука и да им нудам сочувство на семејствата. Уморен сум од изговори, од минута ќутење, доста е!“, изјави Кер. 

 

Се вчитува...