Достаниќ: Тимскиот дух донесе триумф за Работнички во Струга

Работнички успешно го стартуваше пролетниот дел од првенството славејќи минимално (0-1) на гости против Струга Трим Лум. Давид Тошевски беше стрелец на победничкиот гол, а тренерот Ратко Достаниќ дебитираше со триумф на клупата на „романтичарите“. Тој го потенцира тимскиот дух во играта на Работнички на стартот на пролетта.

Мислам дека Работнички заслужено ги освои бодовите. Морам да им честитам на момците за борбеноста и тимскиот дух, тоа се постулатите што треба да ја красат играта на нашиот тим. Имавме проблеми и со грипот кај одредени фудбаолери, но и тоа успеавме да го надминеме. Сепак, нема еуфорија, за Работнички секој натпревар оваа пролет ќе биде многу важен бидејќи се наоѓаме на последната позиција на табелата. Се надевам дека ќе успееме тоа да го промениме со добри игри и успешни резултати“, изјави шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ за клупскиот сајт.

Во следното коло Работнички на домашен терен го пречекува составот на Шкупи.

Се вчитува...