Рома забележа голема победа на трансфер-пазарот oткако го осигура потписот на Артур Довбик, украинскиот голгетер кој ланската сезона беше најдобар стрелец во Ла Лига.
Трансферот на Довбик од Џирона во Атлетико Мадрид беше договорен, но Украинецот во последен момент се премисли и реши да ја одбие понудата на тимот на Диего Симеоне, инсистирајќи на трансфер во Рома. Челниците на Џирона повторно седнаа на преговарачка маса, овојпат со раководството на римскиот клуб, за на крајот да биде договорено Рома да плати 30.5 милиони евра загарантирана сума, плус 5,5 милиони евра преку клаузули, а Џирона ќе добие и 10% од следниот трансфер на Украинецот.
По целосниот договор меѓу клубовите, Довбик утрово полета за Рим, каде по деталните лекарски прегледи и официјално ќе го стави својот потпис на договорот со „волчицата“.
Доаѓањето на Украинецот речиси сигурно ќе значи и заминување на Теми Абрахам, кој е многу блиску до позајмица во редовите на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА