Доживотна забрана за навивачот на Евертон вмешан во тепачката

Евертон му даде доживотна забрана за влез на „Гудисон парк“, на навивачот кој се вмеша во физичката пресметка помеѓу фудбалерите на Евертон и Лион. „Карамелите“ вчера забележаа нов пораз во Лигата на Европа, a при сукобот на дефанзивецот Ешли Вилијамс, и голманот Антонио Лопез, од трибините се замеша навивач кој во едната рака го држеше своето мало дете, додека со другата се обидуваше да го турне голманот на гостинската екипа.

Премиерлигашот исто така контактиташе со полицијата од Мерсисајд, за превземање на дополнителни мерки.

„Официјалните лица на клубот ја анализираа снимката од инцидентот, каде неколку навивачи од долниот дел на трибината одлучија да се пресметаа со одредени играчи. Лицето кое го турна голманот на Лион е идентификувано, и ќе добие соодветна казна. Исто така полицијата на Мерсисајд ќе превземе мерки за случајот“, пишува во соопштението на Евертон.

УЕФА започна дисциплинска постапка против Евертон за „напад на навивачи врз фудбалери“, за што сигурно ќе следи ригорозна казна од европската фудбалска Куќа.

Се вчитува...