Драгиќ заминува од Торонто – може да заврши во Далас кај Дончиќ

Горан Драгиќ повеќе не е кошаркар на Торонто откако канадскиот клуб го замени Словенецот заедно со прв пик од овогодишниот драфт со Тад Јанг, Дру Еубанкс и пик од втората рунда кои ќе заминат во Сан Антонио, потврди доброупатениот Адриан Војнаровски.

Сепак очекувањата се дека Сан Антонио и Драгиќ нема да продолжат заедно. Поранешниот словенечки репрезентатвец ќе го откупи својата договор, а кариерата може да ја продолжи во Далас кај својот сонародник Лука Дончиќ. Покрај Маверикс како опција се јавуваат и Милвоки, Чикаго и Клиперс.

Се вчитува...