Драго Чосиќ доби отказ од ХРТ по аферата за продавање билети за СП во Русија

Спортскиот коментатор на ХРТ, Драго Чосиќ, доби отказ од јавниот телевизиски сервис на Хрватска, по објавувањето на информациите дека е вклучен во аферата за нелегално продавање билети за финалниот натпревар од Светското првенство во Русија меѓу Хрватска и Франција. Дел од билетите кои биле наменети за ХРТ, се нашле на црниот пазар и имало обид да бидат продадени за 18.500 евра по билет.

Истрагата, според сериските броеви на билетите, доведе до ХРТ и до Драго Чосиќ. Спорни се четири ВИП билети кои се нашле во продажба пред самиот почеток на финалето на Мундијалот. Во последен момент целата афера е откриена и продажбата на билетите е стопирана од ФИФА.

Како што информира неговиот адвокат Мате Матиќ, спортскиот коментатор Драго Чосиќ добил редовен отказ, без никаква отпремнина, но дека допрва ќе има судска битка за тоа. За отказот бил информиран директно од Чосиќ со СМС – порака. Покрај Чосиќ, од ХРТ ќе си заминат и уште неколку луѓе на клучни функции.

Се вчитува...