Дракслер го напушта Париз: Следна дестинација Барселона?!

Офанзивниот играч за врска на Пари Сен Жермен, Јулијан Дракслер може да ја промени клупската средина следното лето. Барселона е заинтересирана за услугите на 28-годишниот германски плејмејкер, кој е слободен без никаква отштета по истекот на договорот со францускиот гигант.

ПСЖ нема да се меша во заминувањето на Дракслер, бидејќи стручниот штаб на тимот не го гледа како клучен играч во главниот тим, па Германецот ќе биде еден од оние кои ќе си заминат за да се намали огромниот буџет на плати што го имаат „светците“. Барселона од друга страна ќе продаде неколку играчи летово, а доаѓањето на Дракслер како слободен играч е многу интересна опција за каталонците.

За потсетување, Дракслер се пресели во ПСЖ од Волфсбург во јануари 2017 година. Сезонава Јулијан одигра 14 натпревари за парижаните во сите натпреварувања, постигна два гола и две асистенции.

Се вчитува...