Дракслер се враќа во Шалке 04?

Германскиот интернационалец Џулијан Дракслер можеби ќе се врати во Бундес-лигата ова лето. За него е заинтересиран неговиот матичен клуб Шалке 04. Тој имаше мала минутажа минатата сезона во Пари Сен Жермен, а раководството на клубот е подготвено да го продаде поради финансискиот фер-плеј.

Дракслер беше цел и на Барселона, Милан и Интер, меѓутоа интересот за него се намали, а тоа сака да го искористи Шалке 04 и да го врати дома. Офанзивниот играч за врска од 2011 до 2015 настапуваше за тимот од Гелзенкирхен, потоа замина во Волфсбург, а оттаму во 2017 година направи трансфер на „Паркот на принцовите“. За ПСЖ одигра вкупно 46 натпревари и постигна осум гола.

Се вчитува...