Драма, два пресврти, тензија… Меси и Барселона „од готово до вересија“… (ВИДЕО)

Во натпревар со многу тензија, вистинска драма, максимална борба на двете страни со отворена желба за триумф, пет погодоци и два пресврти Атлетико Мадрид дојде до победа од 3-2 против Барселона во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија.

Во супер-интересниот натпревар Атлетико Мадрид поведе по само 17 секунди игра во второто полувреме со голот на Коке. Но, Лионел Меси во 51. минута израмни со убав погодок од 15 метри…

 

Во 62. минута Гризман се погрижи за пресврт и предност на Барселона од 2-1. Но, тимот од Мадрид не предавајќи се дојде до израмнување со голот на Мората од пенал во 81. минута а Кореа во 86. минута повторно за пресврт и победа на Атлетико Мадрид.

 

Во финалето од шпанскиот Суперкуп, кое се игра на 12. јануари од 17 часот, Атлетико Мадрид ќе се соочи со градскиот ривал Реал Мадрид.

Се вчитува...