Драма на „Енфилд“: Пенал за Ливерпул и црвен картон за Челси пред крајот на полувремето

Ливерпул и Челси играат суперинтересно прво полувреме во големото дерби на третото коло од Премиер-лигата. „Сините“ имаа водство од 0-1 со голот на Хаверц, но „црвените“ успеаја да стигнат до израмнување со голот од пенал на Салах.

По една мешаница во шеснаесетникот на европскиот првак Рис Џејмс играше со рака на гол-линијата, а судијата Тејлор дури по прегледување на ВАР-снимката покажа на белата точка, воедно и му покажа црвен картон на дефанзивецот на Челси.

Салах беше сигурен реализатор на пеналот, а фудбалерите на Челси и по последниот судиски свиреж продолжија со протестите кон Тејлор.

Се вчитува...