Драма на „Местаља“: Валенсија до 93. минута губеше 0:2, на крај стигна до бод

Валенсија и Мајорка одиграа нерешено 2:2, во првиот натпревар денеска во шпанската Ла Лига. Драматично и неизвесно беше на „Местаља“, откако Мајорка испушти победа буквално во судиското надополнување.

Гостинскиот тим имаше водство од 0:2 до 93. минута со головите на Анхел и автогол на Диакаби. Следуваше црвен картон за Ли Канг-Ин од Мајорка.

Во 93. минута Гуедеш успеа да намали, а во 98. минута Гаја успеа да постигне гол за израмнување.

Се вчитува...