Драма на Тунис – Бразил: ВАР ти дава, ВАР ти одзема (ВИДЕО)

Луда завршница ни донесе финишот на натпреварот меѓу Бразил и Тунис кој на крајот заврши без победник 32-32.

Бразилците за неполна минута успеаја да постигнат два гола, но тоа не е крајот на драмата. Тунижаните имаа 10 секунди во кои успеаја да упатат шут кон голот на Бразил кој од стативата падна на линија. Судиите гледаа ВАР по што прво го признаа голот на Тунис, но по повтореното гледање на снимката се одлучија да ја променат одлуката и да не го признаат голот.

 

Се вчитува...