Драма со хепиенд за Челси, „сините“ застанаа на лидерското место во ПЛ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси запишаа тешка, но „злато“ вредна победа на домашен терен, остварувајќи победа над Саутхемптон од 2-1.

Младиот играч на Челси, Трево Чалоба го отвори овој меч уште во 9-та минуита, а на тој начин го запиша вториот погодок зад своето име за тимот од Лондон. Челси со оваа предност замина на пауза.

Вториот дел донесе вистинска драма, прво домаќините успеаја да израмнат на 1-1, а овој резултат го чуваа се до 77-та минута, момент кога од игра беше исклучен Џејмс Вард-Проус. Оваа шанса во продолжение максимално ја искористија фудбалерите на Тухел, со сите сили се наосочија кон голот на гостите, а ова резултираше сo гол во 84-та минута, во листата на стрелци се запиша Тимо Вернер.

По само неколку минути следуваше запечатување на судбината на Саутхемптон, Бен Чилвел постигна гол и ги постави конечните 3-1.

Со оваа победа Челси се смести на првата позиција во Премиер лигата, но останатите конкуренти допрва треба да ги одиграат натпреварите од ова седмо коло.

Се вчитува...