Драма во Берлин: Русија во супер-завршница до бод со Германија

Повеќе од драматичен натпревар во „Мерцедес Бенц арената“ во Берлин одиграа домаќинот Германија и Русија во Групата А на СП 2019, на крајот ремизирајќи (22-22).

Во меч во кој двете екипи постојано се менуваа во водство, иако Германците со предност од два гола заминаа на полувреме, сепак нерешениот исход на крај е најреален. Германија имаше предност се до последните секунди, но Русите со гол во самиот финиш стигнаа до бод и надеж за првите три места во групата.

Во првиот натпревар од оваа група претходно Бразил славеше против Србија со 24-22.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...