Драма во Бруклин, Кливленд со голем камбек до победа

Кливленд во супердраматичен натпревар успа да слави на гсотувањето против Бруклин со 114-116, продлабочувајќи ја кризата на „мрежичките“, кои врзаа пет порази во низа. Бруклин беше многу блиску до победа откако на 2:13 минути до крајот поведе со 112-104. Леверт и Мичел го вратија Кливленд во игра, период во кој Бруклин промаши неколку чисти шутеви за да ја запечати победата. Казната стигна во самата завршница, Мичел го промаши второто слободно фрлање при 114-113, но фати офанзивен скок, за Окоро да постигне тројка на помалку од една секунда до крајот, за голем триумф на Кливленд.

Херојот Окоро го заврши мечот со 11 поени, а најефикасни беа Мичел со 31 поен и Мобли со дабл-дабл од 26 поени и 16 скокови. Во таборот на Бруклин најефикасни беа Бриџис со 32 поени и Динвиди, кој забележа 25 поени и 12 асистенции.

Њу Орлеанс триумфираше убедливо над Шарлот со 115-96, меч што ќе остане запаметен по одличниот настап на Брендон Инграм. Асот на пеликанс стигна до првиот трипл дабл во кариерата, со што стана само трет играч во историјата на Њу Орлеанс што постигнал 30+ поени, 10+ скокови и 10+ асистенции на еден натпревар. Претходно, тоа им има успеано само на Демаркус Казинс и на Крис Пол.

Резултати НБА:

Орландо – Њујорк 111-106, Бруклин – Кливленд 114-116, Њу Орлеанс – Шарлот 115-96, ЛА Клиперс – Оклахома 127-105.

Се вчитува...