Тотенхем и Манчестер јунајтед ремизираа 2-2 во драматичното дерби во Лондон во 11. премиерлигашко коло по кое и двете екипи ќе имаат за што да жалат.
„Црвените ѓаволи“ поведоа со 0-1 преку Мбеумо и делуваа во целосна контрола, но Тотенхем тргна на се или ништо во финишот, израмнувајќи преку Тел. Гостите имаа зицер преку Шешко што Словенецот не само што не го искористи, туку и притоа се повреди и мораше да го напушти теренот, оставајќи го Манчестер со играч помалку на теренот бидејќи Аморим веќе ги имаше искористено трите замени.
Казната стигна на почетокот од судиското продолжение кога Ришарлисон одлично се снајде погодување за 2-1 и огромна еуфорија меѓу домашните навивачи. Сепак, во самиот финиш дојде до ладен туш за „спарси“, откако во 97. минута Де Лихт ги постави конечните 2-2 по корнерот на Бруно Фернандеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

