Драма во НБА: Интервенција на полицијата, доцнеше мечот меѓу Атланта и Мајами – Богдановиќ и компанија славеа тесна победа

Третиот натпревар од плејоф серијата меѓу Атланта и Мајами започна подоцна од планираното. Атланта стигна до важна победа против Мајами (111-110), а мечот во кој блескаа Треј Јанг и Богдан Богдановиќ доцнеше половина час.

Набрзо стана јасно за што се работи бидејќи и домашните најавија одложување на натпреварот. Поради сомнителен пакет пронајден пред влезот 2, почетокот на натпреварот беше одложен, а на навивачите им беше забранет влез во салата до расчистување на ситуацијата.

По кратка интервенција било констатирано дека пакетот не може да експлодира, а полицајците задолжени за отстранување на експлозивните направи лесно ја отстраниле оваа безбедносна закана.

Натпреварот беше возбудлив и непредвидлив до самиот крај. Постојано се играше кош за кош, а ваквата игра донесе тесна победа за Атланта.

Кај поразените се истакна Тајлер Херо со 24 поени, додека кај домаќините доминираа Треј Јанг со 24 и Богдан Богдановиќ со 18 поени.

РЕЗУЛТАТИ НБА:

Чикаго – Милвоки 81:111

Њу Орлеанс – Феникс 111:114

Се вчитува...