Драмата на Наинголан: Сопругата ми се бори и со рак, се плашам да одам и до маркет

Раџа Наинголан се наоѓа во исклучително драматична семејна ситуација затоа што неговата сопруга боледува од рак, па и двајцата дополнително треба да се чуваат од евентуална зараза од коронавирусот.

„Коронавирусот е голем проблем за нас. Сопругата сега ги избегнува болниците, а ги одложува терапиите како не би се изложиле на опасност. Се надевам дека сето ова ќе заврши побрзо затоа што Клаудија има навистина слаб имунитет“ – вели Наинголан, и дополнува:

„Искрено, се плашам да одам и до маркетот. Многу сум внимателен сите мисли се само кон неа. Го поминавме најтешкиот период со таа тешка болест, и сега ни дојде и ова. Но, ќе го поминеме и ова“.

Се вчитува...