Драматичен финиш во НБА, Голден Стејт со триумф над Мемфис (ВИДЕО)

Голден Стејт вориорс славеше на гостувањето кај Мемфис и тоа со 117-116, во меч кој беше решен буквално во последниот напад.

Мемфис водеше во најголем дел од мечот, најмогу со 13 разлика (42-29), но Голден Стејт заигра одлично во последната четвртина, па и гостите прв пат стигнаа до двоцифрена предност (103-93). Сепак, Мемфис не се предаде и стигна до 104-105, а потоа домаќините поведоа и со 116-114.

Клеј Томпсон во последниот напад за гостите погоди тројка за водство на Голден Стејт, а Џа Морант промаши шут за тројка и победа на Мемфис во последниот напад од мечот, па „Воините“ поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плејофот.

Најдобриот играч на домаќините така беше трагичар иако стигна до дабл-дабл од 34 поени и 10 асистенции, Џарен Џексон Жуниор уфрли шест тројки и запиша 33 поени, најмногу во кариерата.

Во првиот меч од полуфиналето, на гости победи и Милвоки кај Бостон.

Се вчитува...