Драматичната пресметката помеѓу Веспрем и Магдебург без победник, Кјелце славеше во Словенија

Мега натпреварот помеѓу Веспрем и Магдебург во 5. коло од Лигата на Шампиони заврши со реми од 35-35. Во изедначениот натпревар двата тима успеаваа да направат минимална разлика од по три гола, но не и истата да ја задржат па победникот беше одлучен во последната минута.

Крајот на мечот го отсликаа и две контроверзни одлуки во последните две минути во кои унгарскиот состав остана без два ракометара на теренот. Оваа ситуација ја искористија гостите за изедначување на 30. секунди пред крајот на средбата, а и покрај тоа што Унгарците го имаа последниот напад не успеаја истиот да го реализираат.

Лауге со осум гола беше лидер на Веспрем, додека него го следеше Омар со шест. Магнусон реализираше осум обиди за Магдебург, а по седум додадоа Кристијансон и Мертенс.

Кјелце стигна до третата последователна победа откако славеше на гостувањето кај Целје со 30-33. Полскиот тим беше подобриот противник во поголемиот дел од мечот, но отпорот на домаќините го скрши во последните минути за значајна победа.

Се вчитува...