Дрес на Брајант продаден за неверојатни 2,73 милиони долари!

Дресот на Коби Брајант со кој легендарниот кошаркар дебитираше за Лос Анџелес е продаден за неверојатни 2,73 милиони долари.

Аукциската куќа „СЦП“ соопшти дека купувачот сакал да остане анонимен, како и продавачот, кој го чувал дресот дури 25 години.

Извршниот директор на аукциската куќа, Дејвид Келер процени дека дресот можел да се продаде од три до пет милиони долари, но сепак на крајот беше купен за 2,73 милиони.

Брајант загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа, а со него животот го загуби и ќерка му Џиана, како и уште седум лица.

Се вчитува...