Дрес на Коби Брајант продаден за шест милиони долари

Потпишан дрес на Коби Брајант, кој го носеше во единствената сезона во која беше МВП (2007/2008), е продаден за 5.849.700 долари, објави аукциската куќа Сотби.

Тоа е вториот најскап продаден кошаркарски дрес во историјата, по дресот на Мајкл Џордан што го носеше во првиот натпревар од големото финале во 1998 година, продаден за 10,091 милиони долари.

Брајант го носеше споменатиот дрес на 25 натпревари таа сезона, вклучувајќи го и оној кога ја доби наградата за МВП на 7. мај во „Стејплс Центарот“.

„Овој дрес е легендарен на начин што ретко го гледаме – живеел во популарната култура, во мурали, во книги и весници: стана симбол на решителност и страст“, ​​рече Брам Вахтер од Сотби.

 

Се вчитува...