Дресот на Азар се појави во фан-шопот на Реал Мадрид

Белгискиот репрезентативец Еден Азар се наоѓа пред трансфер во Реал Мадрид, а на „Сантијаго Бернабе“ се веќе подготвени за неговото доаѓање, откако во фан-шопот на „кралевите“ се појави дресот на Еден Азар. Очигледно Белгиецот во Реал Мадрид ќе го носи дресот со број 7.

Тој на „Сантијаго Бернабе“ ќе дојде за цена од 100 милиони евра, а се очекува со дополнителните бонуси, Челси од него да инкасира уште 50 милиони евра. Азар во Реал Мадрид ќе заработува 15 милиони евра годишно.

 

Се вчитува...