Дресот на Леброн Џејмс е најпродаван во НБА – Дончиќ е осми, а Јокиќ далеку од врвот

Администраторите на најквалитетната светска кошаркарска лига НБА за време на плеј-офот објавија интересен податок, во кој ги издвоија најпродаваните дресови од играчи и екипи.

Од играчите најпродаван е дресот на Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс, а по него следат Џејмс Харден од Филаделфија и Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс.

Од балканските претставници, Лука Дончиќ од Далас Маверикс е осми, додека Никола Јокиќ од Денвер Нагетс котира изненадувачки ниско и е петнаесетти. Најдобар европски кошаркар на листата е Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс кој е седми.

Од тимовите најпродаван е дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

 

 

Се вчитува...