Дрибла како Меси, дава голови како Пеле – нов бисер во редовите на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Манчестер Сити продолжува со собирањето на фудбалските „бисери“ ширум светот во своите редови. Најновото засилување за „граѓаните“ доаѓа од Бразил, има 17-години и е еден од најдобрите млади играчи во светот, а неговото име е Кајку.

Кајку во редовите на англискиот тим доаѓа од Флуминиенсе за 10 милиони евра, а до крајот на сезоната ќе остане во својот матичен клуб. Младиот бисер во Бразил е споредуван со Нејмар па ќе биде интересно да видиме дали ќе ги исполни очекувањата.

Се вчитува...