„Дрим-тимот“ беше пред елиминација, но во една четвртина ја „сомле“ Австралија

Кошаркарите на САД се првите финалисти на ЛОИ во Токио откако во полуфиналната пресметка славеа против Австралија со убедливи 97-78.

Австралија извонредно го почна мечот со тотална доминација во првите две четвртини, низ кои во еден момент имаше и 15 поени предност. На полувремето Австралијците заминаа со предност и од 42-45, но потоа следеше третиот период кој го пресуди победникот.

Само за една четвртина кошаркарите на САД успеаја целосно да го скршат противникот. Третиот период од играта заврши во корист на Американците од 32-10, што беше доволно потоа само рутински да се заокружи победата.

Најефикасен кај САД беше Кевин Дурант со 23 поени, а Букер го заврши мечот со 20 постигнати поени. Кај Австралија, Мајлс постигна 15 поени, дополнети и со осум асистенции.

Се вчитува...