„Дрим-тимот“ уште е заспан: Историска победа на Франција над САД на стартот на ЛОИ!

Кошаркарите на Франција запишаа историска победа против „дрим-тимот“ на САД на отворањето на ЛОИ во Токио. Во повеќе од драматичен натпревар во кој Американците имаа предност за триумф, Франција со феноменална трета четвртина и одличен финиш дојдоа до триумф од 83-76.

За Французите ова е прва победа во седмата пресметка против „дрим-тимот“ на САД во историјата. А за американците пак прв пораз на ЛОИ по оној пораз во полуфиналето од Аргентина на Игрите во 2004 година.

По првото полувреме се чинеше дека Американците ќе стигнат до сигурна победа откако ја добија првата четвртина со 22-15, а на полувремето заминаа со предност од осум поени (45-37).

Но, така не мислеа Французите кои се феноменална одбрана во третиот период стигнаа до целосен пресврт. Предводени од Фурние и Де Коло, Французите ја добија третата четвртина со неверојатни 25-9, па пред последниот период од играта влегоа со предност од осум поени.

Но, „дрим-тимот“ во одличен ритам во последниот период на три минути пред крајот дојде до предност од 70-74. За да низ повторна серија и тројката на Фурние на 53 секунди до крајот Франција поведе со 76-74. Во продолжението нереализиран напад на САД, а Нандо Де Коло на спротивната страна реализираше две слободни фрлања, па по уште една грешка во нападот на Американците на крајот победата на Франција заокружена со 83-76.

Фурние со 28 поени ја предводеша Франција до победата, 14 поени постигна Руди Гобер а 13 поени запиша Нандо Де Коло. Кај Американците Холидеј заврши со 18 поени, Адебајо имаше 12 поени а Демијан Лилард – 11 поени. Кевин Дурант заврши со 10 постигнати поени.

Се вчитува...