Дрита Ислами и Дарио Ивановски најдобри атлетичари на Македонија за 2023 година

Атлетската федерација на Македонија на гала вечера, денеска ги избра најдобрите во атлетскиот спорт во нашата земја за 2023 година.

Најдобар атлетичар на Македонија очекувано е избран Дарио Ивановски кој годинава на маратонот во Валенсија успеа постави нов македонски рекорд во маратон со време од 2 часа 11 минути и 53 секунди,  што претставува одличен резултат во светски рамки.

Ивановски со тоа воедно го подобри и доскорешниот свој рекорд од 2 часа 18 минути и 12 секунди поставен на 15. мај 2022 година во Копенхагем.

Кај дамите признанието го доби поранешната олимпијка и една од најдобрите македонски атлетичарки на сите времиња Дрита Ислами.

Се вчитува...