Државните пари во Манчестер Сити го уништуваат фудбалот

Манчестер Сити го уништува фудбалот поради државните пари кои се слеваат во клубот, обвинува шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Тој без влакна на јазикот вели дека „фудбалот престанува да биде спорт“ затоа што Манчестер Сити е играчка за шеиците од Абу Даби. Тебас објави дека поради ваквите тврдења Сити му се заканил со тужба.

Англискиот тим кој ја освои домашната тројна круна се соочува со поенцијална суспензија од Лигата на шампионите поради прекршување на Фиансискиот фер плеј. Клубот инсистира дека нема никаква вина во случајот и ја обвини УЕФА за водење „неприајтелски процес“. Европската асоцијација почна истрага против клубот за измама вредна 60 милиони фунти.

Тебас уште вели дека покрај Манчестер сити треба да биде казне и Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...