Дуда Ивковиќ пред смртта откри кое злато му е најмило

Европската кошарка денеска е завиена во црно откако од Србија пристина информацијата за смртта на Душан Дуда Ивковиќ. Прославениот српски стратег починал рано утрово во болница во Белград. Еден од најтрофејните тренери во светот, во своето последно интервју откри кој златен медал му е најмил во кариерата.

„Кога размислувам од оваа гледна точка веројатно тоа би било златото од Евробаскетот во Атина 1995. До тоа атинско злато не би издвоил ниту еден медал, сите ми беа мили, но по тоа… Да не успеавме тогаш немаше да учествуваме ниту на ЛОИ во Атланта, ниту пак 1997 не би играле на Евро. Можеби гледајќи ги условите и начинот на подготовка, четиригодишна пауза без разлика колку се квалитетни кошаркарите, Атина е посебна, кога првпат еве размислувам на вашето прашање“, изјави Ивковиќ. 

Душан Ивковиќ беше роден на 29 октомври 1943 година и важи за еден од најуспешните европски и светски тренери. Тој ја водеше Југославија на три европки првенства и освои три златни медали, во Загреб 1989, во Рим 1991 и во Атина во 1995 година. Како клупски тренер ги водеше Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

Се вчитува...