Дуелот помеѓу Јокиќ и Богдановиќ му припадна на Хрватот, „ол ароунд“ меч на Дончиќ

Јута Џез и Бојан Богдановиќ се радуваа на победа на гостувањето во Денвер кај Никола Јокиќ, триумфирајќи со 109-115. Хрватот беше лидер на гостите со 36 поени, 13 скока и 4 асистенции, додека ниту новиот трипл-дабл учинок на Србинот проследен со 26 поени, 21 скок и 11 асистенции не беше доволно за победа на домаќините.

Лука Дончиќ одигра „ол ароунд“ партија во триумфот на Далас над Голден Стејт со 99-82. Словенецот блескаше на паркетот со 26 поени, 8 асистенции и 7 скока, додека прво име кај гостите беше Ендру Вигинс со 17 поени и 3 скока.

Победи забележаа и Шарлот кој славеше над Детроит со 140-111, Филаделфија која го доби гостувањето кај Орландо со 106-116, гостинска победа од 111-114 забележа и Хјустон против Вашингтон, Сан Антонио славеше со 97-99 над Бостон, Бруклин со 121-129 над Индијана, Минесота го одбрани домашниот терен од Оклахома триумфирајќи со 98-90, додека до гостински победи стигнаа и Мајами и Атланта кои славеа над Портланд со 109-115, односно Сакраменто со 102-108.

 

Се вчитува...