Дурант го мина Шекил на листата најдобри стрелци во историјата, еве кој е следен…

Кевин Дурант постигна 22 поени во триумфот на Феникс над Филаделфија, со што одличниот кошаркар успеа да го мине Шекил О’Нил на осмото место од вечната листа на најдобри стрелци во НБА-лигата.

Дурант сезонава веќе успеа да ги прескокне Хаким Олаџувон, Елвин Хејс, Мозес Мелоун и Кармело Ентони, за синоќа да го остави зад себе и легендарниот Шекил. Сепак, за да продолжи да напредува на оваа листа Дурант ќе мора добро дасе испоти ако се знае дека седмопласираниот Вилт Чембрлен има речиси 3.000 поени повеќе од него.

Кевин Дурант во моментов има 28.610 поени во својата НБА-кариера, седмопласиран на оваа ранг-листа е Чембрлен со 31.419 поени, а малку пред него е Дирк Новицки на петтата позиција со 31.560 поени.

Веднаш по големото остварување на Дурант, стигна и честитка од самиот Шекил О’Нил.

„Ти честитам од срце што успеа да ме прескокнеш. Заслужено, но не смееш да застанеш овде. Сакам да бидам дали можеш да стигнеш до број 1“, му порача Шекил на Дурант.

Се вчитува...