Дурант: Јокиќ и Дончиќ се аномалии во кошарката

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Кевин Дурант говореше за европските кошаркари во НБА лигата кои ги има се повеќе повеќе. Тој како пример ги зема ѕвездите на Денвер и Далас, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Дурант смета дека Србинот и Словенецот се аномалии во кошарката и не треба да се споредуваат со останатите европски кошаркари.

„Колку европски кошаркари дошле во НБА и се вратиле назад бидејќи не можеле да опстанат? Да се користат Јокиќ и Дончиќ, кои се аномалии, ми личи како форсирање на една одредена агенда“, вели Дурант. 

Се вчитува...