Дурант пред трансфер во Бостон!?

Кевин Дурант веќе се одлучил да замине од Бруклин Нетс, а според најавите, еден од најдобрите кошаркари во лигата би можел кариерата да ја продолжи во редовите на Бостон Селтикс.

Добро информираниот Адриен Војнаровски извести дека двете франшизи веќе започнале преговори за евентуален трејд, по кој Дурант би завршил во зелениот дрес на Селтикси. Пред одредено време, Дурант побара трејд од Бруклин, а клубот е спремен да му ја исполни желбата.

Селтикси наводно размислуваат во спротивен правец да го испратат Џејлен Браун, што би ги заинтересирало Нетси. Сепак, доколку не се договорат постојат и други опции. Во редот за Дурант стојат уште Мајами, Феникс и Торонто кои веќе имале разговори со Бруклин.

Се вчитува...