Дурент се налути, „настрада“ Филаделфија

Бруклин стигна до нов триумф откако на домашен терен славеше над Филаделфија со резултат 114-105, исход за кој најзаслужен е Кwвин Дурент. Имено, „мрежичките“ имаа водство од дваесет поени кое гостите во последната четвртина успеаја да израмнат на 103-103, кога Дурент ги зема работите во свои раце. Тој постигна две тројки (една под прекршок) и вкупно девет поени во последните четири минути, вкупно 13 во четвртината, не дозволувајќи им на гостите целосно да се вратат во мечот и носејќи му ја победата на тимот на Бруклин.

Дурент го заврши мечот со 31 поен, 11 скокови и осум асистенции, додека во таборот на Филаделфија најефикасен беше Ембид со 32 поени и девет скокови.

Феникс останува рамо до рамо со Голден Стејт како тимови со најдобар скор во лигата (23-5) откако „сонцата“ рутински го добија синоќешниот дуел со Вашингтон со 118-98. Интересно е што ниту еден кошаркар на Феникс не стигна до бројката до 20 поени, но колективниот пристап беше клучен за овој лесен триумф (најефикасни беа Мекги со 17 и Шамет со 16 поени).

Резултати НБА:

Индијана – Детроит 122-113, Бруклин – Филаделфија 114-105, Хјустон – Њујорк 103-116, Феникс – Вашингтон 118-98.

Се вчитува...