Душан Јузбашиќ од Куманово се пресели во Кожув

Душан Јузбашиќ заминува од Куманово, но останува во македонското првенство и во следниот период ќе ги брани боите на Кожув. Центарот кој ги засили „сино-белите“ при крајот на претходната сезона ја започнаа оваа на истото место, но во воведот на сезоната се одлучи за промена на средината.

Српскиот интернационалец оваа сезона одигра пет натпревари за Куманово каде беше поентерски предводеник на тимот со 15.2 поени, а додаде и 9.6 скока со што се очекува да биде големо засилување за Кожув кој досега запиша две победи и четири порази.

Дебито на Србинот во боите на Кожув се очекува на престојниот натпревар против Феникс 2010 кој ќе биде одигран в недела, а интересно на овој меч ќе видиме уште еден нов играч откако неодамна Феникс 2010 се засили со Џордан Такер.

Се вчитува...