Душебајев го предводи олстар-тимот на ЛШ

Почетокот на фајналфор-викендот од ракометната Лига на Шампиони вообичаено е време и за официјална објава на идеалниот тим на сезоната во елитното европско натпреварување.

ЕХФ денеска ја објави листата од најдобри ракометари во ЛШ, предводена од стратегот на Киелце, Талант Душебајев, кој е избран за тренер на сезоната.

Никлас Ландин е избран за најдобар голман, а најдобар пивот е Пекелер од Кил, кој поради повреда нема да може да настапи на овој олстар-викенд. Двајца претставници има и Барселона, Дика Мем како десен бек и Алеиш Гомеш како десно крило, како и Веспрем, кој во идеалниот тим е претставуван од бековите Ненадиќ и Мае.

Хампус Ване од Фленсбург е најдобро лево крило во ЛШ, признание за кое конкурираше и Тимур Дибиров од Вардар, додека за најдобар пивот избран беше Сипжак од ПСЖ.

Се вчитува...