Дувњак трагичар, Кил загуби од Фленсбург во Супер-купот на Германија

Фленсбург е освојувач на Супер-купот на Германија откако во драматичен натпревар, дури по изведување на пенали го совлада Кил.

Мечот по 60 минути игра заврши 28-28, а „зебрите“ од Кил ја имаа последната шанса за победа, имаа и ракометар повеќе на теренот, но Домагој Дувњак шутираше високо над гредата. Хрватскиот бек беше трагичар и во пенал-рулетот, кога неговиот удар во шестата серија беше одбранет од Буриќ, за голема радост на Фленсбург.

Следен предизвик за Кил е настап на Супер-глоуб, каде германскиот гигант е потенцијален ривал во полуфиналето на македонскиот првак Вардар.

Се вчитува...