Два града во трка за домаќин на Ф4 на СЕХА

Се ближи крајот на регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата, челниците на регионалното натпреварување наскоро ќе треба да донесат и одлука, кој град ќе биде домаќин на завршниот турнир и битката за трофејот.

Скопје лани се покажа како беспрекорен организатор, но според последните информации нашиот главен град не е во комбинација за домаќин во 2019 година. Според последните информации, СЕХА ќе решава меѓу две опции, и тоа Брест во Белорусија или Осијек во Хрватска.

Белорусите се главни спонзори на лигата, што им дава предност и во оваа трка, но главниот проблем е дали Брест Мешков ќе се избори да биде дел од фајналфор-турнирот. Имено, оваа екипа моментно е во трка со Татран Прешов за четвртото место на табелата, а доколку Мешков стигне до Ф4, речиси сигурно е дека ќе биде и домаќин на завршниот тунир. Доколку тоа не се случи, тогаш „План Б“ е Осијек.

Пласман на завршниот турнир од СЕХА-лигата веќе обезбедија три тима, и тоа бранителот на трофејот Вардар и хрватските претставници Загреб и Нексе.

Се вчитува...