Два „кралски проблеми“ пред „Ел Класико“

Зинедин Зидан се соочува со огромен проблем во пресрет на „Ел Класико“, откако Еден Азар отпадна од комбинација за настап против Барселона.

Белгискиот ас се повреди на мечот од Лигата на шампионите против ПСЖ, првите прогнози беа дека паузата ќе изнесува десетина дена, но во меѓувреме беше утврдено дека повредата е многу посериозна, па најскапото летно засилување на „кралевите“ нема да може да се врати на терените најмалку до крајот на годинава.

Покрај Азар, од комбинација за настап на следните натпревари отпадна и левиот бек Марсело, кој заработи незгодна повреда на мускулот.

Реал Мадрид на 18 декември гостува на „Камп ноу“, а три дена претходно „кралевите“ имаат уште едно тешко гостување, на „Месталја“ против екипата на Валенсија.

Се вчитува...