Два нови случаи на Covid-19 во Интер, се одложува мечот со Сасуоло

Фудбалерите на Интер се наоѓаат во самоизолација отккоа „нероаѕурите“ утрово информираа за два нови случаи на коронавирус. Откако голманот Ханданович и дефанзивецот Д’Амброзио беа позитивни на Covid-19, денеска беше објавено дека позитивни се и дефанзивецот Стефан де Фрај и уругвајскиот интернационалец Матијас Весино.

Локалните власти донесоа одлука за целосна изолација на сите фудбалери во наредните четири дена, во кои играчите воопшто нема да можат да одржат заеднички тренинг. Ова практично значи дека ќе биде одложен и претстојниот натпревар од Серија А против Сасуоло, а одредена е и забрана за фудбалерите на Интер да ја напуштат државата и да отпатуваат за настап за своите репрезентации во квалификациите за СП 2022.

За понеделник е закажано ново тестирање за сите фудбалери, по што би можеле да бидат донесени нови анти-корона мерки поврзани со актуелниот лидер на табелата во Калчо-лигата.

Се вчитува...