Милан продолжува со победите на гостински терен во Калчо-лигата, откако „росонерите“ се радуваа на триумф од 1-2 на мечот во Болоња, експресно оставајќи го зад себе разочарувачкиот пораз од Аталанта од минатото коло.
Два пенали беа доволни за Милан да стигне до трите бода, првиот за прекршок над Леао, оној вториот за играње со рака на еден домашен дефанзивец. При првиот обид од белата точка непрецизен беше Ибрахимовиќ, но Анте Ребиќ натрча на одбиената топка и ја смести во мрежата. При вториот – одговорноста ја презеде Кеси, кој биеше прецизно од 11 метри.
Голманот Донарума одигра значајна улога во победата бранејќи два зицери на Болоња при 0-1, но италијанскиот репрезентативен голман беше немоќен кога Поли силно биеше под неговата греда за конечни 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА