Два прекрасни гола, две „бомби“ за триумф на Шкендија во Автокоманда (ВИДЕО)

Шкендија без поголеми проблеми дојде до посакуваната победа на гостувањето против Скопје во последниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци во Автокоманда славеа со 0-2, со два прекрасни погодоци, по еден во секое полувреме.

Шкендија до предноста дојде во 22. минута со голот на Аденис Шаља кој низ соло-акција испрати вистинска „бомба“ од 18 метри под гредата од голот на домашните за водство од 0-1.

Во второто полувреме уште еден убав погодок, овој пат Чинари во 78. минута извонредно шутираше од 20 метри за конечни 0-2.

По овие три бода Шкендија дојде на само еден бод од второпласираниот Шкупи во битката за шампионската титула сезонава.

Се вчитува...