Дваесет и четири години од најлудиот слободен удар во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Историјата на фудбалот памети многу „луди“ слободни удари кои на спектаклуларен начин завршувале во мрежата, а еден од нив, ако не и најспектакуларниот е оној на Роберто Карлос кој и 24 години подоцна се врти низ најавни шпици.

Истиот беше постигнат на пријателскиот турнир во Франција во пресрет на Светското првенство кога силите си ги одмерија домаќинот и Бразил. Левиот бек шутираше од повеќе од 30 метра, а топката магично се најде зад грбот на Бартез.

Импресиран беше и самиот Карлос кој подоцна во интервју за ‘ЕСПН’ изјави дека никогаш повторно не се обидел да шутне на ист начин.

„Ни ден денеска не знам како тоа ми успеа. Не се обидев повторно да ја шутнам топката бидејќи знам дека не би дал гол“, изјави Карлос.

Се вчитува...