Дваесет минути за Несторовски, Имобиле од пенал донесе победа за Лацио (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио се вратија на побендичките патики во италијанскиот шампионат откако славеа на гостувањето кај Удинезе со минимални 0-1 во последниот натпревар од денешната понуда во 36. коло во Серија А.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 61. минута кога Чиро Имобиле биеше прецизно од пенал. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски овој натпревар го почна на клупата за резерви, а во игра влезе во 70. минута.

 

Се вчитува...