Двајца фудбалери на Манчестер Сити позитивни на Covid-19

Манчестер Сити денеска објави дека двајца фудбалери на овоји англиски премиерлигаш биле позитивни на последните тестирања на Covid-19. Станува збор за алжирскиот репрезентативец Ријад Марез и за францускиот интернационалец Ејмерик Лапорт, кои во следните 14 дена нема да тренираат со остатокот од тимот.

Можеме да потврдиме дека Ријад Марез и Ејмерик Лапорт се позитивни на Covid-19. Двајцата фудбалери се наоѓаат во самоизолација согласно протоколите на британските власти и на Премиер-лигата. Двајцата немаат симптоми на вирусот. Сите во клубот им посакуваме на Ријад и на Ејмерик брза рехабилитација“, објавија „граѓаните“ на официјалната веб-страница.

Добра околност за „граѓаните“ е што овој тим нема да ја стартува сезоната претстојниот викенд поради настапот на Ф8 турнирот од ЛШ во Лисабон. Манчестер Сити својот прв меч од новата премиерлигашка сезона ќе го игра на 21 септември, на гостински терен против Вулверхемптон.

Се вчитува...