Двајца генијалци на Барса ќе ги предводат младите Шпанци против Македонија

Шпанскиот селектор за играчи до 21 година, Луис де ла Фуенте го објави списокот од 23 фудбалери на чии услуги ќе смета во пресрет на квалификацискиот натпревар против Македонија што ќе се игра на 3 септември во Скопје. Станува збор за дуел што требаше да биде одигран во март, но поради коронавирусот беше одложен заедно со сите останати квалификациски натпревари, по што беше презакажан за почетокот на септември.

На списокот на „црвената фурија“ најбројни се фудбалерите на Барселона, а се очекува главна улога на средината на теренот да имаат двајцата плејмејкери на каталонскиот гигант, Рики Пуиг, кој добиваше шанса и за првиот тим кон крајот на сезонава, и Алења, кој како огромен талент беше испратен на позајмица во Бетис, но летово се врати на „Камп Ноу“.

СОСТАВ ШПАНИЈА:

ГОЛМАНИ: Дани Мартин (Бетис), Ињаки Пења (Барселона), Хозеп Мартинез (Лајпциг)

ОДБРАНА: Гонзало Авила (Еспањол), Оскар Хил (Елче), Адрија Педроса (Еспањол), Енрике Клементе (Сарагоса), Хозе Хернандо (Реал М.), Хуго Гилјамон (Валенсија).

СРЕДЕН РЕД: Јон Монкајола (Осасуна), Марк Кукурела (Хетафе), Мартин Зубименди (Р. Сосиедад), Карлес Алења (Барселона), Гонзало Вилјар (Рома), Рики Пуиг (Барселона), Фран Белтран (Селта)

НАПАД: Андрес Мартин (Р. Валјекано), Валери Фернандез (Џирона), Педри (Барселона), Дани Гомез (Леванте), Алехандро Поцо (Севилја), Хуго Дуро (Хетафе), Хави Пуадо (Еспањол).

Се вчитува...